Селекторот на американската репрезентација, Роберт Хедин, ја потврди информацијата дека имаат дури 18 позитивни случаи.
САД треба да патува во Египет во среда, а во четврток треба да го игра првиот натпревар со Австрија.
Сега се прават комбинации со составот и веројатно ќе се патува на СП само со 12 ракометари, од кои еден е голман, па натпреварите на САД ќе бидат големо фијаско.
„Ова е навистина тешко. Ние ќе испратиме 12 играчи во среда за Египет, но нема да имаме одбрана, ќе имаме само еден голман“, вели Хедин за шведските медиуми.
Нејасно е дали ИХФ ќе дозволи ваква ситуација, а Македонија е спремна да патува како замена за САД во најтешката група со Австрија, Норвешка и Франција.
Неофицијално: САД има рекордни 18 позитивни случаи – Македонија патува на СП?!