Неофицијално: САД има рекордни 18 позитивни случаи – Македонија патува на СП?!

Машката репрезеентаија на Македонија би можела да патува како прва резерва на Мундијалот во Египет, ако се потврди информацијата што кружи низ ракометните портали.

На тестирањето пред патувањето во Египет, било утврдено дека селекцијата на САД има рекордни 18 позитивни случаи на коронавирус.

Ако оваа информација е точна, Македонија ќе биде дел од Мундијалот, со оглед на тоа што САД нема да има време да направи нова селекција, бидејќи и оваа актуелната едвај ја собра преку оглас.

САД треба(ше) да игра во група со Франција, Норвешка и Австрија.