Брестовац го објави списокот за јануарската акција – со Лазаров, но без Стоилов, Ристовски, Георгиевски…(ФОТО)

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир во јануари.

Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.

На списокот има 20 ракометари плус четири резерви доколку се случи некој од повиканите да не може да одговори на повикот. Тука е капитенот Кире Лазаров, но ги нема Столе Стоилов, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски, Велко Маркоски, Никола Маркоски…

За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни тренинг натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле. Собирот на ракометарите е на 3 јануари во 12:00 часот.