Денеска на терените: Ривали на Еурофарм Пелистер во ЛЕ ја отвораат новата седмица

Со натпреварот меѓу Татабања и Рајн Некар ќе биде отворена новата натпреварувачка седмица, а се работи за дуел од Лигата на Европа.

Ова значи дека стартува седмицата која ќе биде богата со натпревари на меѓународна сцена и во која ќе има и дуели на репрезентациите бидејќи на 3 декември стартува Европското првенство во женска конкуренција.

Денешната програма нема да донесе голем број на натпревари, а во продолжение ќе може да се видат дуелите кои ќе бидат одиграни.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

18:00ч

ЗАГЛЕБИЕ ЛУБИН – ММТС КВИЖИН (Полска Супер лига)

18:30ч

МАКАБИ ЛЕ ЗИОН – МК ХОЛОН (Израел 1)

18:45ч

ТАТАБАЊА – РАЈН НЕКАР (Лига на Европа)

19:00ч

МАКАБИ ДИМОНА – ХАПОЕЛ АШДОД (Израел 1)

НЕС ЦИОНА – МАКАБИ АВИШАИ МОЦКИН (Израел 1)

19:30ч

ХАПОЕЛ КИРИЈАТ – БНЕИ ХЕРЦЛИЈА (Израел 1)

19:45ч

МАКАБИ ТЕЛ АВИВ – РЕХОВОТ (Израел 1)

20:15ч

БЕЗАНСОН – СЕЛЕСТАТ (Франција 2)