Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за претстојните натпревари во Лигата на Европа.
На дуелот од групата Ц, меѓу руската ЦСКА Москва и турскиот Бешикташ, правдата ќе ја делат македонски арбитри.
Станува збор за Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегат на овој натпревар што се игра на 1 декември од 18:45 часот ќе биде Тарасиков од Русија.
На дуелот меѓу Тримо Требње и Еурофарм Пелистер во Љубљана, ЕХФ ги делегираше Хрватите Циндриќ и Гонжурек, а делегат ќе биде Пожежник од Словенија.