Паднаа 77 голови, Чаир лесно ја освои Битола

Ракометарките на Чаир ја продолжија победничката серија во Женската лига и остварија убедлива победа над составот на Пелистер во Битола со 36-41. Победникот беше решен уште на полувремето кога беше 17-24.

Двата тима настапија со редуцирани состави на оваа среда, на која практично се играше без одбрани на двете страни бидејќи паднаа вкупно 77 погодоци.

Чаир водеше на стартот со 1-4, потоа и со 5-8, но домашните ракометарки направија пресврт и дојдоа до плус два, 10-8. Беше и 11-9 за избраничките на Александра Здравевска.

По предноста на битолчанки со 12-11, поискусниот гостински тим од Скопје постигна шест гола во серија за 12-17 и тоа беше најава за лесна победа. До крајот на полувремето гостинките имаа и плус седум, 17-24.

Битолчанки со два гола преки Раиф и Белевска успеа да намали на минус пет, 19-24, на стартот на вториот дел, но тоа беше се од нив. Потоа Чаир повторно ја презема контролата на теренот, водеше и со десет погодоци, а Пелистер успеа да намали на крајот на конечни 36-41.

Најефикасни во победничкиот состав предводен од Басри Латифи беа Анастасија Николовска со 13 и Бајра Бакиќ со осум голови, додека кај домашниот тим се истакнааа Белевска и Милосављевиќ со по 11 погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167