Тасевска броеше до 10, Металург во вториот дел го реши Спартак

По изненадувачкиот пораз од Стружанка дома, тимот на Металург славеше убедливо во Гевгелија на гости, а денеска во Автокоманда го победи Спартак со убедливи 38-26.

Во првото полувреме гостинките одржуваа резултатска рамнотежа, на моменти и водеа, но избраничките на Јулијана Дамчевска „нагазија“ во финишот и на пауза заминаа до плус четири, 17-13.

На стартот на вториот дел Металург постигна три гола во серија за 20-13 и веќе до крајот немаше дилеми кој ќе слави, па само се броеја головите.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Тасевска со десет погодоци и Ива Божиновска со шест, додека кај Спартак се истакна Ана Марија Коларовска со девет голови.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080