Екипите кои се дел од Супер женската лига денеска ги очекуваат натпревари од 12. коло. Следуваат четири интересни пресметки со оглед на тоа што два од натпреварите се одложени.
Според двојките на два терени домашните треба да бидат во предност. Тоа се однесува за составот на Спартак против Кузман Вардар. Тимот кој игра како домаќин во Кисела вода не би требало да има проблеми за да обезбеди нови бодови.
Што се однесува до Чаир и овој состав исто така влегува со предност против Овче Поле така што и тука се чекаат бодови за домашната екипа.
Гостинките треба да имаат предност во Гевгелија. Во салата „26 Април“ гостува екипата на Металург, која после поразот од Стружанка мора да надомести.
Исто така гостинките добиваат предност пред почетокот на натпреварот и на дуелот Ѓорче Петров-Деспина.
Сепак, на сите дуели сето ова ќе треба да биде потврдено и на теренот.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА, 12. КОЛО
СРЕДА, 18 НОЕМВРИ
16:00ч
СПАРТАК – КУЗМАН ВАРДАР
Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски.
18:30ч
ЧАИР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Камер Металари од Скопје.
19:30ч
ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Ѓорѓи Дучков од Гевгелија.
20:00ч
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА
Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
СТРУЖАНКА – КУМАНОВО
Сала: СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
ПЕЛИСТЕР – ШАМПИОНИ
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Наташа Глигороска и Викторија Прентоска од Струга. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.
ВАРДАР е слободен