Екипата на Охрид очекувано го совлада составот на Астраион со 34:19 во натпревар во кој сè беше познато уште пред неговиот почеток.
Домашните влегоа во средбата како фаворити и ова беше шанса за игра на сите ракометари. Астраион немаше можност за да направат нешто повеќе. Домашните тргнаа со 4:0 и овие четири гола предност беа и повеќе од доволни за да може да се игра мирно односно постојано да се биде во голема предност.
Како што се играше прашање беше само разликата со која овој дуел ќе финишира. На полувреме беше 17:7 така што веќе тука беше јасно дека фаворитот ги освојува бодовите.
Во продолжение само работите останаа на истото ниво односно тимот на Охрид продолжи да ја зголемува предноста. Водството постојано растеше така што немаше проблеми до крајот да се дојде до 15 гола разлика и конечни 34:19.
Домашните на оваа средба не беа комплетни. Недостигаа дел од стандардните ракометари, но и без нив Охрид немаше проблем за висок триумф и три нови бода.