Куманово го испрати Ѓорче Петров со полна мрежа

Ракометарките на Куманово имаа лесна задача против Ѓорче Петров во Женската лига. Тие одиграа убедлив натпревар и триумфираа со 48:9.

Водечкиот тим на табелата со ова само продолжува со сигурните изданија во домашното првенство.

Во ниту еден момент од натпреварот не беше во прашање околу тоа која екипа ќе ги однесе бодовите. Куманово уште на полувреме имаше огромна предност од 28:4. Овие 24 гола разлика беа и повеќе од доволни за да може да се освојат бодовите.

Во продолжението од средбата задачата беше одработена рутински и немаше проблеми да се дојде до трите бода.

Тренерот на Куманово, Ненад Краљевски на сите ракометарки им даде шанса да настапат и сите се запишаа во листата на стрелци. Со оваа победа кумановки остануваат на врвот на табелата.

КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 48:9 (28:4)

Сала: Перо Наков во Куманово. Судии: Драган Јовановски од Штип и Иван Јованов од Радовиш. Делегат: Александар Атанасовски од Куманово.

КУМАНОВО: Марковиќ 2, Пецанова 1, Трајковиќ 11, Ивановска 3, Боризовска 2, Шарановиќ 6, Чокели 3, Јанкуловска 5, Кипријановска 4, Митровиќ, Димитриевска, Краљевска 1, Цветановска 5, Бечирхоџиќ 4, Краљевски 1.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 мин.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јовановска, Велкова 2, Џеладини, Неделковска 2, Домазетоска 1, Крстевска, Блажевска, Несторовска, Трпеска, Антеска, Лозановска 1, Величковска, Галачева, Цветановска 3.

Седмерци: 0/2. Исклучувања: 6 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080