Митрова броеше до 13, Гевгелија до лесни бодови против Кузман Вардар

Тимот на Гевгелија забележа нова победа во Женската лига, откако без никакви проблеми оствари триумф на домашен терен над Кузман Вардар со 34-22 во натпревар од 11 коло.

Победата беше обезбедена уште во првото полувреме, кога избраничките на Татјана Бојкова создадоа убедлива залиха од плус 12, 22-10.

Во вториот дел се измешаа поставите на теренот, имаше многу грешки на двете страни, но победата на Гевгелија не беше во ниту еден момент загрозена.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа некогашната репрезентативка Драгица Митрова со 13 погодоци и Михаела Митревска која даде шест, а кај Кузман Вардар по пет голови дадоа Сандра Јовевска и Андреа Ангеловска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080