Вардар и Порто одиграа интересен натпревар во кој 60 минути се надигруваа, а како што течеше целата средба така и финишираше со голема неизвесност и возбудувања. Бодот беше загубен во последната секунда откако Ареја погоди за 25:25, а Вардар имаше 30 секунди за да се одбрани и да дојде до нова победа.
Од почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде интересен натпревар во кој ќе има што да се види и од едниот и од другиот состав.
Вардар ги доби првите неколку минути откако подобро го отвори натпреварот. Поведе со 4:2, но потоа попушти и дозволи да има пресврт односно Порто да поведе со 8:4. Тука одново вардарци тргнаа подобро, па успеаја да се доближат.
Сепак, за комплетно враќање мораше да почекаат до финишот на првото полувреме. Израмнија дури пред заминување на одмор. Дојдоа до 11:11, а во последниот напад преку контрата на Дибиров дојдоа и до предност од 13:12.
Ристовски во овој дел имаше свои минути бидејќи го наполни празниот гол на Порто, а трипати беше прецизен.
Тој погоди уште еднаш во продолжението, а Вардар иако успеваше да биде во предност никако не можеше да се одвои бидејќи Португалците занеја како да стигнат до гол. Инаку, од стартот на второто полувреме продолжија со играта 7 на 6, а Вардар успеваше често и добро да се снајде во таквата игра.
Резултатот беше тесен 20 минути. До 50. минута од средбата се играше практично гол за гол. Ниту еден тим не отиде на сигурна предност така што секогаш имаше тензија и се бараше шанса за погодок.





Вардар – Порто
Тогаш тимот на Порто успеа да зададе удар и да дојде до плус два. Имаше 24:22 на шест минути до крај, но како и во текот на целата средба Вардар не се откажуваше и успеа да остане на разлика која гарантираше неизвесна завршница. Чупиќ и Дибиров заедно со Ристовски се погрижија ова да биде возбудлива веќе и донесоа 24:24 на три минути до крајот.
Чупиќ донесе и гол предност на 30 секунди до крајот откако одлично си создаде простор со финта, а последниот напад остана за гостите. Во ситуација кога се чинеше дека Вардар се одбрани, Ареја биеше во немоќ, па донесе бод за Порто.