По убедливиот триумф над Дабас, унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед славеше и на втората пријателска средба.
Избраниците на Хуан Карлос Пастор го совладаа на домашен терен составот на Орошази со 43-27.
Иако не играа Сигурмансон, Кањелас и Степанчиќ, ПИК Сегед уште на полувреме ја обезбеди победата и водеше со 24-14.
Најдобар стрелец кај ривалот на Вардар во Лигата на шампионите беше Бенце Банхиди со десет голови, а Станислав Кашпарек и Марио Шоштариќ дадоа по пет погодоци.