Стартуваше новата бундес авантура за Кузмановски (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски денеска ја започна новата бундеслигашка авантура во дресот на Хановер.

Тој одигра една година во тимот на Магдебург, но немаше голема минутажа, па иако имаше договор уште две сезони, се реши за нов предизвик.

Во тимот на Карлос Ортега се очекува да има важна улога и во нападот и во одбраната, иако Хановер ќе игра само на домашна сцена.

Кузмановски потпиша договор на три години, а нашиот репрезентативен бек по долго време нема да игра на европска сцена што беше случај со Металург, Еурофарм Пелистер и Магдебург.