Европската ракометна федерација денеска донесе одлука да ги откаже квалификациите за Светското првенство во Египет и ги одреди учесниците од Стариот континент.
На Мундијалот ќе играат 14 репрезентации од Европа. Од претходно свое место имаа обезбедедно светскиот првак Данска и најдобрите три од ЕП – Хрватска, Шпанија и Норвешка, а останати десет места беа пополнети според ранкингот на последниот континентален собир.
Словенија, Германија, Португалија, Унгарија, Белорусија, Австрија, Чешка, Исланд, Шведска и Франција. Нашиот ривал беше на 14 место, а Македонија на 15 место на ЕП, што значи дека само за едно место не успеавме да бидеме во првиот шешир пред ждрепката, а сега за едно место и не обезбедивме директно место на СП.
Ако не добиеме вајлд-карта (ИХФ има две за доделување), нашата машка репрезентација по десет години ќе остане без можноста да игра на големо натпреварување – ЕП или СП.
Сениорите, почнувајќи од ЕП 2012 во Србија, играа и на СП 2013 во Шпанија, ЕП 2014 во Данска, на СП во Катар во 2015 година, ЕП 2016 во Полска, СП 2017 година во Франција, ЕП 2018 во Хрватска, на СП 2019 година во Германија и Данска, како и на ЕП 2020 година во Австрија, Норвешка и Шведска.