Во време на ширење на коронавирусот, спортисти како и сите други луѓе најголем дел од времето го минуваат дома.
Фризерските салони се затворени одамна, па мора да се најдат алтернативни начини на средување на косата.
Шпанскиот репрезентативец и соиграч на Кире Лазаров во францускиот Нант, Едуардо Гурбиндо, има свој личен фризер – и тоа македонски, а станува збор за неговата девојка од Свети Николе – Елена Милева.
Едуардо ја објави фотографијата на социјалните мрежи и предизвика лавина интересни коментари од неговите соиграчи.