Поради ширењето на коронавирусот, Европската ракометна федерација донесе одлука да не се играат натпреварите во европските купови и репрезентативни натпревари во април и мај.
Според алтернативниот календар на ЕХФ, натпреварите од првиот бараж за Светското првенство во Египет, ќе се играат на 17 или 18 јуни, односно на 20 и 21 јуни.
Натпреварите од вториот бараж, меѓу кои и двомечот меѓу Македонија и Франција, се презакажани за 1 или 2 јули во Скопје, односно за 4 или 5 јули на гости кај ривалот.
Првенствата во некои држави одамна ќе бидат завршени и дел од ракометарите ќе бидат надвор од натпреварувачка форма, па сигурно ќе има многу неочекувани резултати.