Иако СЦ „Јане Сандански“ не беше исполнет до последното место на натпреварот со Мотор Запорожје, сепак вистинските навивачи на Вардар дојдоа да му дадат поддршка на европскиот првак.
„Црвено-црниот“ тим е во тешка ситуација и на ракометарите им значеше поддршката од трибини, па возвратија со одлична партија на терен и го победија украинскиот првак со десет голи разлиа, 38-28.
Навивачите на Вардар го привлекоа вниманието на медиа тимот на Европската ракометна федерација.
„Во тешките времиња убаво е да имате голема поддршка. Големо е значењето на фанвоите на Вардар за европскиот првак, кои се со клубот и во добро и во лошо. Направија одлична атмосфера“, велат од ЕХФ.
Погледнете го видеото посветено на навивачите ТУКА.