Екипата на Будуќност обезбеди големо засилување за наредната сезона, нова ракометарка во клубот е голманката од Бразил, Барбара Аренхарт. Моменталната голманка на Вац потпиша двегодишен договор со двократниот шампион на Европа.
Искусната 33-годишна ракометарка најголемиот успех го има постигнато сo репрезентацијата на Бразил на Светското првенство 2013. Во Србија го освои златниот медал и беше прогласена за најдобар голман на првенството.
Прв европски клуб во кој натпуваше Аренхарт е шпанскиот Сагунто од 2007 до 2010 година. После тоа има играно во норвешки Бјасен, три години има поминато во Хипо, а по една година играше во Баја Маре и Никобинг.
На клупски план најголем успех постигна со Хипо во 2013 година кога го освои Купот на победниците на куповите. Од 2016 година Аренхарт ги брани боите на унгарски Ваци.