Осумте репрезентации кои се најдоа во првиот круг од баражите за Светското првенство во Египет денеска се најдоа во ждрепка и веќе знаат против кого ќе се борат за влез во втората фаза каде што ќе следуваат многу потешки натпревари.
Според ждрепката од репрезентациите кои играа на Европското првенство најлошо мина Босна и Херцеговина бидејќи наиде на Романија, но добрата работа е што реваншот ќе го игра на домашен терен.
Русија прво ќе и гостува на селекцијата на Турција, додека Полска ќе се соочи со Литванија.
Даинис Кристопанс со Летонија не би требало да има проблеми со Израел иако ова може да биде интересен дуел.
Натпреарите ќе се играат на 15/16 и 18/19 април, а вториот круг од баражите е предвиден дури за во јуни. Термините се 5/7 и 9/11 јуни. Македонија има директен пласман, а двојките ќе бидат извлечени после завршувањето на натпреварите од првиот бараж.