Репрезенатациите во на Хрватска и Норвешка во петок од 18 часот го играат првото полуфинале на Европското првенство кое ќе се одигра во Шведска.
На прес конференција како претставници на Хрватска се појавија Лука Степанчиќ и помошникот на Червар, Хрвоје Хорват кои го најавија полуфиналето. Лино Червар не се појавил затоа што имал проблеми со гласот кој очигледно многу го потрошил на мечот со Шпанија.
„Според најавите ќе има многу наши навивачи, на Норвежаните ќе им биде поблиску и ќе бидат помногубројни но верувам дека нашите се погласни. Иако ќе бидат во помал број, се навикнавме на нив. Можеби малку повеќе ќе бидеме фокусирани на Сагосен, тој ја движи целата екипа во транзиција и полуконтра и ги казнува сите грешки. Нема смисла да го сопреме само него, тогаш останатите играчи ќе не уништат. Имаат навистина многу врвни играчи и одлични голмани, ги победивме на ЕП во Хрватска иако Сагосен ги постигна неговите осум-девет гола и нема специајално да се подготвуваме за него“, изјави Степанчиќ.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на специјално прилагоден стадион за ракометни натпревари кој е со капацитет од 22.000 гледачи.