Хрватска и Шпанија одиграа неизвесен натпревар во борбата за првата позиција во групата од главната фаза. И двете екипи имаа свои минути, но сепак на крајот ниту еден тим не успеа да тиумфира.
Овој резултат повеќе им одеше во прилог на Шпанците кои завршија како првопласирани, а после дуелот десното крило на Загреб и Хрватска, Златко Хорват имаше свој коментар.
„Влеговме малку нервозно во натпреварот, потоа се смиривме повдедовме два разлика имавме напад и за три. Добро го држевме натпреварот под контрола, но следуваа двете исклучувања, тоа малце не поремети, а Шпанците многу добро го искористија тоа да се вратат во мечот. Шпанците се многу искусна екипа и многу е тешко да се игра против нив, 60 минути се сконцентрирани и многу ретко грешат, ретко прават технички грешки и тоа им е најголема предност. Во второто полувреме играа агресивна одбрана 5-1 која преминуваше во 3-3 и навистина е тешко да се игра против таква поставеност. Направија предност, но ние успеавме да се вратиме во натпреварот и ни фалеше малку среќа да победиме, можеби не беше пенал над Ентрериос но добро тоа е мое мислење. Различна е подготовката за овој натпревар, веќе бевме во полуфиналето. Мислам дека доколку немавме обезбедено полуфинале натпреварот ќе беше пожесток“, изјави Златко Хорват после ремито со Шпанија.
Хрватска во полуфиналето ќе ја има за противник репрезентацијата на Норвешка која во досегашниот тек од првенството на сите натпревари успеа да триумира.