Шведска врза две победи, ама премногу доцна

Репрезентативците на Шведска го совладаа Исланд со … во последниот меч од Групата 2 од Втората фаза на Европското првенство, но овој триумф не им донесе премногу бидејќи освен што ги искачи на 4. место во групата друго позитивно не им даде.

Од почетокот на средбата се виде одлично издание на репрезентативците на Шведска. Тргнаа решително и далеку посилно од ракометарите од Исланд. Влегоа сигурно и цврсто во мечот, а тоа им даваше шанса плус на теренот.

Водството беше за Швеѓаните од првата минута. Поведоа со 1:0, а потоа Исланд израмни. Многу брзо после ова дојде и до 7:3 (10 минута), па тука почнаа да се поставуваат работите кон убедлива победа. На полувреме беше 18:11, па тука веќе беше јасно кој победува.

Во вториот дел само мораше да се доработи задачата. Немаше многу шанси за ракометарите од Исланд кои мораа рано да се помират со пораз, па до крајот само се бореа за да постигнат гол повеќе. Немаше шанси многу за враќање, а остана разликата од полувремето со конечни 32:25.

Андреас Нилсон со седум гола, Толбринг и Арнесон со по пет и голманот Апелгрен со десет интервенции беа носителите на играта во овој триумф. Во Исланд по пет гола имаа Кристијансон и Елисон.

Швеѓаните премногу доцна врзаа две победи бидејќи нема да имаат можност да играат на завршниот викенд во Стокхолм откако денеска за нив заврши шампионатот исто како и за Исланд.