Селекцијата на Хрватска иако губеше скоро цел натпревар од Шпанија, на крајот сепак успеа да остане непоразена и да освои бод, 22-22 во последното коло од главната рунда во Виена на ЕП.
Тој бод ја однесе Шпанија на првото место, а Хрватите ќе мораат да се задоволат со позицијата број два. “Коцкестите” ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Норвешка и Словенија, додека поразениот од овој двобој оди на Шпанија.
Составот на Лино Червар би можел да биде ослабен на полуфиналниот дуел, откако некогашниот вардарец Игор Карачиќ доби силен удар во коленото (удар колено во колено) и кривејќи го напушти теренот.
Ако се знае дека и Лука Циндриќ има(ше) проблеми со дисторзија на зглобот, тогаш на Хрватите ќе им претстои тешка задача во Стокхолм.