Победата на Шведска над Унгарија од 24:18 донесе одговор на две прашања и веќе е јасно дека Европското првенство го доби и третиот полуфиналист, а воедно веќе е визирано и едно место во квалификациите за Олимписките игри.
Репрезентацијата на Норвешка доби подарок од Швеѓаните бидејќи Унгарија остана на четири бода и веќе не можеда ги загрози без разлика каков ќе биде утрешниот резулат против Португалија. Според тоа Норвешка утре против Словенија се бори само за првото место во Групата, а веќе е јасно дека оди во полуфинале.
Втората дилема која е решена е дека Словенија го зема првото место за Европа во квалификациите за Олимписките игри во Токио. Со денешната победа обезбедено е патување за Стокхолм, а тоа според имињата на репрезентациите од другата група носи и квалификации за Олимписки игри. Поточно тоа е најмалку квалификации бидејќи ако случајно Словенија игра во полуфинале и стане шампион на Европа оди директно на Олимпијадата.
Утре се играат последните шест дуели од групната фаза, па утре ќе биде познат дефинитивниот изглед на групите и ќе се знае кој против кого во полуфиналето.