Репрезентациајта на Португалија е вистински хит не Европското првенство, откако во првото коло ја победија Франција, потоа и Шведска беше декласирана и се уште имаат шански да обезбедат висока позиција во групата од главната рунда.
За подобрите познавачи на ракометот овој успех на Португалците не е изнанадување. Лигата на Португалија е се поквалитетна, се поголем број на познати и квалитетни играчи настапуваат во првенствто. Покрај тоа младинските репрезнтации остварија големи успеси на Светските првенства во Македонија и Шпанија – двете завршија на четвртото место.
Клубовите од Португалија бележат одлични резултати во европските натпреварувања. Порто во ЛШ е во групата со Вардар и обезбеди пласман во наредната рунда, додека Спортинг Лисабон се натпреваруваше во послабите групи и избори полуфинале со Динамо Букурешт.
Репрезентативниот голман на Македонија, Борко Ристовски настапува за Бенфика и сподели искуства од досегашниот претстој во Портгалија.
„Порто, Спортинг и Бенфика се финансирани од фубалските клубови и натпреварувањето за шампион во ракомет е големо исто како и на фудбалските терени. На дерби пресметките секогаш се бара билет повеќе, а навивачите прават атмосфера како на стадион. Се повеќе странци доаѓаат во Португалија што значи дека лигата е посилна и парите шти ги земаат играчите се прилично добри и редовни“, рече Борко Ристовски.