ДРАМА во Виена: Хрватска без најдобрите, едвај до победа над Чешка!

Селекцијата на Хрватска ја продолжи победничката серија на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, откако славеше потешко од очекувањата над Чешка со 22-21. Лино Червар се реши да го стартува мечот практично со втората постава. Ашанин беше на голот, Мандиќ и Матановиќ на крила, Мариќ на пивот, а бекови беа Шарац, Хрстиќ и Степанчиќ.

Во првиот најчесто се играше гол за гол, но Хрватска на два пати водеше со плус два. На пауза се замина со 11-9 за “коцкестите”. На стартот на вториот дел Здрахала и Кашпарек не беа убоити како во првиот дел, па почнаа да промашуваат, но и Хрватите не беа сигурни во нападот, па резултатот остана “тука некаде”.

Чешка израмни на 17-17 , па мораше и Дувњак да влегува во игра да шутира пенал. Хрватите поведоа со 20-18, но ни тука не беше крајот на возбудувањата. Чип и Кашпарек имаа шанси да намалат, но Ашанин ги одбрани нивните удари.

Степанчиќ и Хрстиќ промашија, па Хрстка казни на две минути до крајот со голот за 21-20. Червар мораше да бара тајм-аут, но Мандиќ не реализираше и Чешка израмни на 21-21. Останаа уште дваесетина секунди за напад на “коцкестите”, а Степанчиќ биеше во последната и погоди за победа 22-21.