Голманот на Хрватска, Марин Шего немаше свој ден. Тој не бранеше како на претходните средби кога имаше двоцифрен број интервенции, но затоа последната од четирите одбрани беше на еден разлика и беше од зицер ситуација.
Затоа Шего е еден од хероите на Хрватска во големата победа против репрезентацијата на Германија.
„Губевме во текот на целата средба, тие доминираа и играа подобро од нас, но ние покажавме дека сме екипа и дека сите гинеме еден за друг на теренот. Поведовме првпат во финишот и на крајот дојдовме до победа. Не одбранив како што требаше да одбранам на оваа средба, но екипата помогна. Успеав да одбранам една топка на крајот и еве ја победата за полуфинале“, рече Шего.
Иако денеска не беше на ниво најважно е дека беше обезбедена победа, а се очекува Шего да се врати во ритам веќе на следните натпревари.