Сагосен направи предност, Лазаров уште во Топ 5

Најдобриот ракометар на Норвешка, Сандер Сагосен е лидер на стрелците после првото коло од втората рунда, а направи предност од три гола пред Никола Билик кој досега важеше за најефикасен на првенството.

Меѓу најдобрите десет стрелци е и Кирил Лазаров кој котира високо и е на делба на 5. позиција со Смит и со Каралек.

Лазаров заврши со 22 гола и според ситуацијата во моментов може да се очекува и после следното коло да остане беше најефикасните десет ракометари на првенството.

Инаку, допрва следуваат дуелите на кои ќе се брка пласман во полуфиналето, па главните стрелци сигурно ќе го зголемуваат бројот на головите.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

34 – Сандер Сагосен (Норвешка)

31 – Никола Билик (Австрија)

27 – Енди Шмид (Швајцарија)

24 – Роберт Вебер (Австрија)

22 – Кирил Лазаров (Македонија)

22 – Кај Смит (Холандија)

22 – Арцем Каралек (Белорусија)

21 – Даинис Кристопанс (Летонија)

21 – Јанко Божовиќ (Австрија)

21 – Никита Вајлупов (Белорусија)

21 – Ондреј Здрахала (Чешка)