Елиминацијата на репрезентациајта на Данска беше втората сензација која се случи на Европското првенство. По Франција во прелиминарното коло и Данска ги заврши настапите иако двете репрезентации се сметаа за главни фаворити на првенството.
Ваквиот неочекуван резултат ги изненади данските навивачи кои како резултат на тоа решија да ги продадат билетите кои ги имаа купено за главната и завршната фаза. Навивачите се обратиле до федерацијата на Данска за помош во решавање на овој проблем. Сепак нивните барања не се прифатени.
Состојбата за оваа ситуација ја коментираше директорот на федерациајта на Данска, Мортен Стинг Кристенсен за официјалната веб страна на федерацијата.
„Многу Данци кои купија билети за главната и завршната фаза на Европското првенство со надеж дека ќе ја гледаат својата репрезентација беа разочарани. Секако и на нас во федерацијата исто така ни е многу жал, но немаме можност да помогнеме во враќање или размена на билетите. Како што ни беше кажано тоа може да се направи само како дел од официјална постапка одобрена од организаторот. Се надевам дека ќе се развие таков механизам, а данските и другите навивачи ќе можат да извлечат максимум од оваа навистина тажна ситуација“, рече Кристенсен.
Во објавата исто така се нагласува дека секоја препродажба на билети по повисока цена и размената на билети без одобрение од организаторот е незаконска.