Репрезентацијата на Германија после просечните игри во првиот круг конечно одигра добар натпревар и на стартот на втората рунда потврди дека ќе се обиде да дојде до добар пласман на ова првенство.
Германците денеска ја надиграа Белорусија и ја совладаа со 31:23 во меч во кој доминираа од стартот. Едноставно од првата минута се виде дека Белорусите нема да имаат шанси на овој дуел. Секој овие да се дојде до нешто повеќе беше запрен од страна на Германците кои многу лесно обезбедија 18:11 на полувреме.
Во вторите 30 минути предноста само беше зачувана така што ракометарите од Белорусија немаа шанси за да направат нешто повеќе. Германците одиграа искусно и знаеја како да го зачуваат водството кое на крајот им овозможи да дојдат до првите бодови во Групата 1 и да се израмнат со Австрија така што сега имаат два бода помалку од Шпанија и Хрватска кои се на максимум.
Тимо Кастенинг одигра нов одличен натпревар реализирајќи шестпати, додека Вебер и Кун погодија четирипати. Во Белорусија, Кулеш имаше шест гола, додека Шилович и Вајлупов постигнаа по четири гола. Вулф беше одличен на голот со 12 интервенции, додека во Белорусија, Салдаценка одбрани пет, а Мацкевич четири удари на противничките ракометари. Осум од овие интервенции беа во второто полувреме.