Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. По првиот состанок и тренинг кој беше одржан во Битола, „фармацевтите“ се преселија во Скопје.
Поради ниските температури во Битола и поради тоа што Општината се уште го нема решено прашањето со затоплувањето во салата „Боро Чурлевски“, битолчани се решија да ги одработат подготовките во македонската метропола.
Под водство на новиот кормилар, Жељко Бабиќ, ракометарите тренираат во СЦ „Борис Трајковски“, а веќе го одиграа и првиот контролен натпревар против провлигашот КЛ7 и победија со 29-22.
Бабиќ до 21 јануари нема да смета на ракометарите што беа дел од ЕП – Велковски, Митревски, Маџовски, Маркоски, Вегар, Ѓукиќ, Остроушко, Шевелев и Радовиќ.