Најдобрите стрелци се и најдобри асистенти на ЕП

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров не само што беше меѓу најдобрите пет стрелци на Европското првенство после првиот круг, туку е и меѓу најдобрите асистенти.

На трите натпревари забележа вкупно 17 асистенции со што неговиот придонес само се зголемува уште повеќе. Сепак, нема да има можност за да ги поправи своите бројки бидејќи за Македонија завршија игрите на овој шампионат.

Затоа трката за најдобар асистент ќе продолжи за Билик и Сагосен, кои се во трка и за најдобар стрелец.

Сепак, за разлика од ефикасноста каде што Билик има гол повеќе, кај асистенциите двајцата имаат по 19 после три натпревари.

Инаку, на 10 место се наоѓа и Марио Танкоски со 12 асистенции, додека десет асистенции има Филип Талески кој е на делба на 13. позиција.

НАЈДОБРИ АСИСТЕНТИ (ТОП 5)

19 – Никола Билик (Австрија)

19 – Сандер Сагосен (Норвешка)

17 – Кирил Лазаров (Македонија)

16 – Јанко Божовиќ (Австрија)

16 – Гералд Цајнер (Австрија)