Лазаров во Топ 5 стрелци во првиот круг на ЕП

Ракометарите кои од ова лето ќе станат соиграчи во тимот на Кил, Никола Билик и Сандер Сагосен го имаат главниот збор на Европското првенство кога се во прашање погодоците.

Билик и Сагосен постигнаа најмногу голови во првите три  кола, а иако денеска остануваат уште две средби за доигрување јасно е дека нема да бидат достигнати од некој од ракометарите кои денеска имаат натпревари.

Билик има 28 гола, Сагосен 27, колку што има и Енди Шмид, но Швајцарецот заврши со настапите на шампионатот исто како и Кирил Лазаров и Кеј Смит кои имаат по 22 гола.

Тоа е првата петка на листата на стрелците, но јасно е дека ќе се менува бидејќи добар дел од играчите завршија со настапите.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

28 – Никола Билик (Австрија)

27 – Сандер Сагосен (Норвешка)

27 – Енди Шмид (Швајцарија)

22 – Кирил Лазаров (Македонија)

22 – Кеј Смит (Холандија)

21 – Даинис Кристопанс (Летонија)

19 – Јанко Божовиќ (Австрија)

19 – Арцем Каралек (Белорусија)

18 – Никола Прце (БиХ)

18 – Роберт Вебер (Австрија)