Селекторот Данило Брестовац беше разочаран по елиминацијата на Македонија, и се уште не е начисто како ќе продолжи националниот тим. Тој вели дека тешко му оди со создавањето хемија меѓу поискусните играчи и помладите.
„Не смееме да промашуваме чисти ситгуаци, се провлече нервоза без потреба, пробамве да се вратиме, но беше неуспешно. Ако се вратиме на сите мои прес конференции, кога ви кажував од кој се плашам најмногу, така и излезе сега ако ставиме некоја црта. Оваа хемија тешко ќе се создава во иднина, морам да му се заблагодарам на капитенот што одигра максимално на овие натпревари. Сепак мораме да бидеме на чисто кој сака да игра, кој не сака да игра, тешко се спојуваат играчите оние поискусните со помладите. Ќе направиме анализа, ако треба ќе ризикуваме едно големо натпреварување, за да можеме во иднина да бидеме конкурентни“, изјави Брестовац.
Најголемиот проблем според селекторот е малата минутажа на играчите во клубовите.
„Имаме тројца четворица играчи кои немаат минутажа на терен. Танкоски не игра во Европа. Мишевски не игра напад, само одбрана. Нашите не играат, седат на клупа. Мораме да најдеме нови опции. Костески не игра во Загреб, Димитриоски имаше слаба реализација на пријателските натпревари, тој не покажа дека заслужува место“, продолжи Брестовац.
Македонија следниот предизвик ќе го има во априлскиот бараж за Мундијалот во Египет.