Селекторот на Македонија, Данило Брестовац после поразот од Австрија вината ја побара во многу промашените зицери.
Тој смета дека нападот бил далеку под нивото и дека одбраната не е толку виновна за загубениот натпревар колку што е нападот.
„Не можам да поверувам дека повторно ни се случува истата работа. Промашивме премногу зицер ситуации. Долг е патот ако сакаме да направиме добра репрезентација. Има многу работа и мислам дека треба да ризикуваме едно големо натпреварување ако сакаме да бидеме повторно конкурентни. На оваа средба одбраната не беше многу виновна колку што беше нападот. Имавме лоша реализација и не реализиравме неколку напади. Се вративме 2-3 пати, но веќе четвртиот пат не беше успешен“, изјави Брестовац.
Со овој пораз Македонија се враќа дома, а останува да се види дали ќе биде трета или четврта во групата бидејќи доколку Украина ја совлада Чешка може да се случи Македонија да заврши и на последното место во групата.