Репрезентативците на Франција со победа се порстуваат од Европското првенство поле прелиминарната фаза откако во третото коло беа подобри од Босна и Херцеговина со 31:23.
Репрезентациајта на БиХ имаше солидно прво полувреме, во поголемито дел го диктираа резултатот и имаа предност од еден гол. Франција поведе во 20. минута и до крајот на првиот дел ја сочува предността. По 30. минути игра беше 14:13.
Во продолжението Французите лесно го контрилираа натпреварот и рутински го приведоа до крај. Најефикасен во селекцијата на БиХ беше Паниќ со седум погодоци, а Прце постигна шест. За екипата на Франција, Валентин Порт погоди седум пати а Гигу постигна пет гола.
Избраниците на Љубомир Врањеш продолжуваат со одличните игри на првенството и во третиот натпревар славеа победа, овој пат над Швајцарија со 29:25.
Словенечките ракометари го контролираа натпреварот од почеток до крај. Веќе на полувремето имаа добра предност од 16:10. Во продолжението без многу проблеми стигнаа до нова победа и максимален учинок во групната фаза.
Најефикасен повторно кај Швајцарците беше Енди Шмид со осум погодоци. Во победничката екипа Зарабец беше најефикасен со шест гола, а Доленец постигна четири.