Македонија го заврши учеството на Европското првенство после само три одиграни средби, па после подолго време ќе ја нема во вториот круг откако денеска претрпе катастрофален пораз од Австрија со 28:32.
Уште од стартот на средбата се виде дека ова ќе биде лош натпревар односно ова ќе биде двобој во кој Австријците ќе доминираат. Доволно беа 20 минути за да се види каков ќе биде епилогот на овој дуел, а резултатот од 12:18 на полувреме беше целосен приказ за она што се случуваше на теренот. Лесно можеше предноста да биде и поголема доколку немаше грешки во играта на Австрија.
Почетокот на вториот дел само ја најави катастрофата на овој дуел. Еден гол за две минути игра и потоа пет минути без погодок со грешки во нападот и без враќање назад за да се запре контрата на противникот донесе двоцифрена предност за Австрија од 24:14 така што тука натпреварот веќе беше завршен.
За момент дојде нешто подобра игра и намалување на осум гола. Македонија дојде до 18:26, а потоа се тргна во ризик со седум играчи во напад, две грешки и враќање на негативата од која беше јасно дека нема враќање.
[soliloquy id=”121318″]
Иако разликата на крајот е само четири гола, 28:32 тоа беше поради опуштањето на Австријците во последните десет минути со оглед на тоа што рано го решија победникот.
МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА 28:32 (12:18)
МАКЕДОНИЈА: Митревски (2 одб.), Ристовски 0/1 (4 одб., 1 сед.), Манасков 1/3, Велковски 1/1, Стоилов 5/6, Лазаров 3/7, Талески 2/4, Маркоски, Кузмановски 3/8, Танкоски 0/1, Георгиевски 3/5, Крстевски, Поповски 3/3, Пешевски 3/4, Маџовски 3/4, Мишевски.
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.
АВСТРИЈА: Ајбергер 0/1 (15 одб.), Бауер, Божовиќ 5/7, Вебер 7/9, Вос 0/1, Пош 5/6, Фримел 3/3, Дикер 1/1, Хербургер, Цајнер 2/3, Живковиќ, Билик 6/11, Вагнер 1/1, Јохман 0/1, Хутечек 2/2, Сантос 0/1
Седмерци: 1/2, Исклучувања: 8 мин.