Србија и Хрватска одиграа цврст и израмнет натпревар во дуелот кој не одлучуваше ништо во групата А, на крајот поуспешна излезе тимот на Червар кој триумфираше со 24:21.
Ова беше еден од помалку ефикасните натпревари на првенството, особено во првиот дел на кој голманите имаа свој ден и беа фантстични меѓу стативите. Тие го диктираа резултатот и развојот на настаните на натпреварот. Марин Шего имаше одлично отворање на мечот со неколку фантастични интервенции на Хрватска и донесе водство од 5:2.
Следуваше период во кој Србите играа цврста одбрана која правеше проблеми на Хрватите, а во тие моменти и Цупара ги покажа своите квалитети што донесе пресврт во резултатот. Во 25. минута беше 10:8 за Србија. До крајот на полувремето ниту една од екипите не реализираше и со тој резултат се отиде на пауза.
Разлликата од два беше актуелна до 42. минута кога Хрватска ја започна серијата од 5:0 со која го сврте резултатот во своја полза. Причина за овој пресврт повторно беше Шего кој правеше чуда и до крајот собра 16 интервенции. Исто така и Србите со своите грешки и промашени зицери придонесоа да ја испуштат предността.
До крајот на мечот Хрватска знаеше како да ги казни сите грешки на Србија и да ја сочува разликата од три гола. На тој начин Хрватска стигна до нова победа и со максимални три победи во групната фаза продолжува во главната фаза. Најефикасни во редовите на Србија беа Радивојевиќ и Кукиќ со по четири гола. Во составот на Хрватска Степанчиќ и Дувњак беа прецизни по пет пати.
Шпанија имаше лесна задача на натпреварот против Холандија кој го доби со 36:25. Избраниците на Жорди Ривера беа потполно доминантни во текот на целиот натпревар, до полувремето обезбедија предност од 17:13.
Во втоиот дел мечот продолжи во ист ритам, водството на Шпанија постојано растеше, а Холанѓаните немаа начин како да се спротивстават. Искусните Шпанци рутински го приведоа натпреварот до крај за трета победа и прво место во прелиминарната фаза.
Најефикасен во тимот на Холандија беше Кај Смитс со осум погодоци, а во екипата на Шпанија најпрецизен беше Хорхе Македа со шест гола.