Скандинавските ко-домаќини Норвешка и Шведска имаа многу сигурно отворање на Европското првенство пред своите гледачи. Норвешка без многу мака ја совлада селекцијата на Босна и Хереговина со 32:26, а репрезентацијата на Шведска беше подобра од Швајцарија со 34:21.
Норвежаните во „Трондхајм Спектрум“ ја оправдаа улогата на фаворит против БиХ, уште од почетокот имаа предност, а Никола Прце кој ги постигна првите пет гола за Бих ја одржуваше својата селекција во минимално заостанување. До крајот на првиот дел со рутинска игра Норвешка создаде предност од 17:12.
Во вториот дел предводени од Сандер Сагосен репрезентативците на Норвешка со водеа натпреварот кон сигурна победа. Во 45. минута домаќинот имаше предност од 25:17 со што практично беше решен победникот.
Надобар во тимот на Норвешка беше Сагосен со 12 погодоци, а во тимот на БиХ најефикасен беше Никола Прце со шест гола.
Шведска со супериорно издание ја совлада репрезентациајта на Швајцарија. Понесени од соите навивачи Швеѓаните одиграа извонреден натпревар и доминантно стигнаа до првите бодови.
Уште по првиот дел Шведска имаше предност од пет гола, 13:8, која во продолжението само ја зголемуваа и не дозволија противникот да ја загрози. Најефиксни во составот на Шведска беа Толбринг, Ду Риц и Нилсон со по шест гола. Во тимот на Швајцарија најмногу се истакна Енди Шмид со четири гола.