Португалците го приредија првото изненадуање и ја шокираа Франција

На отварањето на групата Д, репрезентациајта на Португалија го направи првото изненадување на Европското првенство. После голема борба Португалците успеаја да ја совладаат Франција со 28:25.

Франција го почна добро натпреварот, имаше и водство, но Португалија постојано беше на гол заостанување. Во 22. минута Португалците стигнаа до нерешено, 9:9 а потоа го преземаа водството и првиот дел го завршија со предност од 12:11. Никола Карабатиќ со четири гола во завршницата не дозволи поголемо заостанување на полувреме.

Во продолжението ракометарите на Франција не беа креативни во нападите, постојано играа долг напад до пасивно и често шутираа од изнудени позиции кои не беа закана за Кинтана кој беше одличен на голот со девет интервенции.

Во поголемиот дел од вторите 30 минути Португалија беше во водство, а во завршницата Французите заработија две исклучувања од по две минути што Португалците го искористија и стигнаа до сензационална победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Бранкињо со пет погодоци, а Фераз и Гомес постигнаа по четири. Во тимот на Франција, Дика Мем постигна пет гола, а Никола Карабатич, Лагард и Фабрегас стрелаа по четири пати. За играч на мечот беше прогласен Руи Силва од Португалија.

Репрезентациајта на Словенија под водство на новиот селектор Љубомир Врањеш имаше сигурен старт на првенството и без проблеми славеше против селекцијата на Полска со 26:23.

Словенците почнаа многу подобро, поведоа со 4:1 и во продолжението на првиот дел успешно го одржуваа водството. Полјаците на неколку наврати се доближија на минус еден, но не успеваа да израмнат. По првите 30 минути Словенија имаше водство 13:11.

Во вториот дел избраниците на Врањеш имаа уште посигурно издание, рано направија пет гола предност која без никакви проблеми ја чуваа. Имаа целосна контрола на дуелот и рутински го приведоа до крај за прва победа.

Најефикасни во составот на Словенија беа Благотиншек и Мацковшек со по пет гола. Во репрезентациајта на Полска најевикасен беше Морито со осум погодоци.