Машката репрезентација на Македонија ја очекува настапот на шестото Европско првенство, а прв ривал ќе биде селекцијата на Украина.
Во текот на денешниот ден беше одржан состанок меѓу играчите од националниот тим, стручниот штаб, Претседателот на РФМ – Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски, беа одредени премиите за евентуалниот добар пласман.
Ако Македонија се пласира во втората фаза како второпласирана, ракометарите ќе поделат 30.000 евра. Ако се пласираме во втората фаза како првопласирана селекција премијата ќе биде 40.000 евра.
Доколку обезбедиме учество во квалификации за ОИ носи и дополнителна премија од 30.000 евра, значи ракометарите би можеле да поделат максимум 70.000 евра.
Натреварот меѓу Македонија и Украина се игра вечерва во „Штадхале Арена“ со почеток во 20:30 часот.