Репрезентацијата на Полска во најголем дел ја сочинуваат играчи од домашното првенство поддржани со три играчи кои настапуваат во Бундес лигата и незаменливиот Камил Шипжак од ПСЖ.
Селекторот Патрик Ромбел одлучи на првенствотот да поведе 17 ракометари од кои двајца се голмани од најдобрите две домашни екипи Келце и Висла Плоцк.
Состав на Полска: Адам Моравски (Висла Плоцк), Матеуш Корнецки (Келце), Антони Ланговски, Рафал Пшибилски, Пјотр Јарошевич, Давид Давидзик (сите од Азоти Пулави), Миха Олејничак (Вибжеже), Симон Сичко, Андриан Кондратјук, Кристијан Бондзер (Горник), Мачеј Пилитовски (Калишев), Пшемислав Крајевски (Висла Плоцк), Аркадиуш Морито (Келце), Камил Шипжак (ПСЖ), Мачеј Гембала (Лајпциг), Пјотр Храпковски (Магдебург), Мачеј Мајџински (Бергишер).
Полска натпреварите ќе ги игра во Гетеборг, а во прелиминарната група е со Словенија, Швајцарија и домаќинот Шведска.