Селекторот на репрезентацијата на Србија, Ненад Перуничиќ се надева дека неговата селекција ќе ја помине групната фаза иако се во незгодна група. Хрватска може да се смета за фаворит, а останатите три селекции Белорусија, Србија и Црна Гора да се борат за второто место кое води во следната фаза.
Ривалството помеѓу Србија и Хрватска е големо на сите полиња, но се чини дека овој пат најнапнат меч за Србите се очекува да биде оној со Црна Гора. Перуничиќ истакна дека ќе се обиде мамксимално да ги заштити своите ракометари од проблемите што во последно време ги имаат двете земји со црковно-верските заедници.
„Искрено, не ми се допаѓа овој набој кој постои, за мене тоа е еден народ и мојот став е да не чепкаме во светото. Момците ќе се обидам максимално да ги заштитам од сè“, порача Перуничиќ.
Србија во првото коло игра против Белорусија, па потоа со Црна Гора и групната фаза ја завршува против репрезентацијата на Хрватска.