Третиот ривал за Македонија на Европското првенство на три дена до првиот натпревар на шампионатот веќе ги има имињата на 16 ракометари со кои ќе настапи. Словенецот Алеш Пајович, кој е селектор на Австрија се одлучи за играчите со кои ќе игра на првенството така што веќе се знае кои се играчите кои ќе отворат на првенството против Чешка в петок.
Македонија и Австрија играат во последното коло од првата фаза на 14 јануари така што дотогаш може да дојде и до смена. Сепак, оние 16 играчи кои ќе го отворат првенството се веќе познати, а Пајович се одлучи за веќе проверени играчи.
СОСТАВ НА АВСТРИЈА ЗА ЕП 2020
ГОЛМАНИ: Томас Бауер (Порто, Португалија), Томас Ајхбергер (Грац, Австрија)
ЛЕВИ КРИЛА: Раул Сантос (Лајпциг, Германија), Себастијан Фримел (Кадетен Шафхаузен, Швајцарија)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Никола Билик (Кил, Германија), Лукас Хутечек (Фиверс Ват, Австрија)
СРЕДНИ БЕКОВИ: Гералд Цајнер (Алпла Хард, Австрија), Јакоб Јохман (Кремс, Австрија), Александер Херман (Гумерзбах, Германија).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Јанко Божовиќ (Гумерзбах, Германија), Борис Живковиќ (Алпла Хард, Австрија)
ДЕСНО КРИЛО: Давид Брандфелнер (Фиверс Ват, Австрија), Роберт Вебер (Нордхорн, Германија)
ПИВОТИ: Тобијас Вагнер (Фиверс Ват, Австрија), Фабијан Пош (Кремс, Австрија), Лукас Хербургер (Кадетен Шафхаузен, Швајцарија).