Денеска од 18:00 часот, тимот на Вардар гостува кај полскиот првак Келце во натпревар од осмото коло во Лигата на шампионите.
Двата тима имаат големи проблеми со повреди. Кај Вардар ќе недостига главниот бек шутер Даинис Кристопанс, а повредени се Кристијан Дисингер и Павел Атман, па нејасно е колку ќе играат.
Во домашниот тим ќе ги нема Јахлевски, Гебала и Морито, а ќе игра левото крило Анхел Фернандез, кој се жалеше на повреда во Скопје.
Натпреварот започнува во 18:00 часот, а се игра во салата „Легионово“, каде што Вардар досега нема ниедна победа.