Селекцијата на Хрватска по ремито со Босна и Херцеговина, славеше над репрезентацијата на Катар со 33-28 во вториот дуел од „Кроација Куп“.
Како и на првиот дуел, така и на овој со Катар, Хрватите не беа на своето ниво, па селекторот Лино Червар беше бесен на своите избраници.
„Зошто играме селски ракомет? Зошто им ја предавате топката? Овие црнците играат подобро од нас“, кажа Червар.
Хрватите на ЕП ќе играат во група заедно со Црна Гора, Србија и Белорусија.
— SportTime (@SportTi43915378) January 5, 2020