Иако беше голем фаворит против Босна и Херцеговина, селекцијата на Хрватска одигра само нерешено, 33-33, во првиот дуел од „Кроација Куп“ во Пореч.
Селекторот Лино Червар не ги штедеше критиките кон неговите ракометари и им порача на ѕвездите во репрезентацијата да се спуштат на земја.
„Некои ракометари со помала репутација покажаа како се игра, а некои ѕвезди мора да се спуштат на земја. Без голема борба на целиот тим не може да се победи. Не игра поединец, туку екипа. Не може да примиме над 30 голови и да очекуваме победа. Овој дуел ни помогна да се спуштиме на земја“, изјави Червар.
Денеска Хрватите ги очекува средба со Катар што ќе биде последна проверка пред дуелите со Србија, Црна Гора и Белорусија на Европското првенство.