Еден од главните дефанзивци во репрезентацијата на Македонија, Велко Маркоски и дефинитивно останува без настап на Европското првенство. Тој доби повреда на контролната средба против селекцијата на Словенија и поради тоа ќе биде надвор од терените во следните две недели.
Прегледите во Љубљана покажаа повреда на левото око која ја доби после ударот на Деан Бомбач. Тој не го продолжи мечот откако уште во првото полувреме доби удар, а првите наоди се дека повредата е сериозна и дека ќе мора да мирува.
Она што е познато во моментов е дека ќе мора на дополнителни прегледи в понеделник во Скопје, а потоа ќе биде познато како ќе тече рехабилитацијата. Сооглед на тоа што паузата ќе трае најмалку две недели сосема извесно е дека нема да може да помогне за време на Европското првенство и ова предизвикува главоболки за селекторот Данило Брестовац.
Како ќе биде без Велко Маркоски во одбраната ќе се види и утре кога ќе се игра контролна средба против Црна Гора која е најавена за 19:30 часот.