Репрезентацијата на Португалија ги започна подготовките за Европското првенство. Тие во рамки на подготвителниот период ќе учествуваат на турнир во Шпанија на кој ќе играат против Русија, против домаќинот и против Полска.
Левиот бек Фабио Магелаеш во интервју за португалските медиуми зборуваше за подготвеноста и очекувањата од првенството.
„После толку неуспешни обиди нашата мотивација за ЕП е огромна. Сакаме да покажеме дека имаме квалитет и дека почесто треба да играме на вакви тунири, тоа го заслужуваме. Мислам дека ракометот во Португалија ја преживеа револуцијата. Ова е забележливо според тоа што младите играчи веруваат дека тимот може да оди напред. Мотивацијата е видлива во резултатите на нашите младински тимови. Моето искуство ќе се обидам да го пренесам на младите ракометари. Сите сме малку вознемирени сега, но тоа е и добро, затоа што се чувствуваме одговорни“, изјави Магелаеш.
Репрезентацијата на Португалија во прелиминарната фаза за пласман во главната рунда ќе се бори со Франција, Норвешка и Босна и Херцеговина.